„Го советувам Талат Џафери да не поднесува оставка, бидејќи албанските мајки ги пцујат непрекинато и безмилосно и поради тоа на ниеден Албанец, на кој му била пцуена и навредувана мајката, никогаш не побарал оставка од оние, што така пцуеле!“ – вели Ејуп Бериша, советник за правно-политички прашања на претседателот на парламентот, во својата колумна со наслов „Бериша во одбрана на Талат Џафери: Не давај оставкa!“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.
Бериша пишува: „По видеото, кое последниве денови се рашири на општествените мрежи, дел од македонската јавност почна да бара актуелниот претседател на Собранието на Република с.Македонија Талат Џафери да поднесе оставка од функцијата. На таа снимка се слуша наводно жестока кавга меѓу претседателот на Собранието Талат Џафери и обезбедувањето на Собранието. Бидејќи на таа снимка се слушаат некои банални изрази, или некои навреди, за кои се вели дека излегле од устата на претседателот на парламентот, сега дел од јавноста почна да протестира за настанот, за кој станува збор, и се почна со барање оставка од Талат Џафери.“
„Значи, барањето за оставка има поврзаност со пцостите, кои се слушаат на таа снимка, иако не се знае кој стои точно зад нив. Не како советник за правно-политички прашања на претседателот на Собранието, туку како обичен граѓанин на оваа земја, го советувам Џафери да не поднесува оставка и тоа од една обична причина, која им е позната на сите во оваа земја и во Балканот. Значи, Талат, не давај оставка, бидејќи албанските мајки ги пцујат непрекинато и безмилосно во овие неколку векови и поради тоа на ниеден Албанец, на кој му била пцуена и навредувана мајката, никогаш не побарал оставка, од оние што така пцуеле.“
“Во овој многу долг временски период продолжија пцостите и баналните и неосновани навреди на албанските мајки од страна на сите припадници на другите народи. За тие пцости никогаш не се барал ниеден збор како извинување, а камоли да побара некој од нив да поднесат оставки на високи државни и јавни функции. Зошто еден Албанец, во овој случај Талат Џафери, би морал да поднесе оставка на позицијата претседател на Собранието?“
„Талат, јас како граѓанин-Албанец на кој, исто така често му ја пцуеле албанската мајка, ти предложувам: Не поднесувај оставка! Продолжи со твојата работа на позицијата претседател на парламентот!“





