Поранешниот премиер Сали Бериша повика на протест против посетатат на српскиот претседател Александар Вучиќ на Албанија.
Протестот се очекува да се одржи во понеделник околу 16 часот пред зградата на кабинетот на албанскиот премиер, дознава Exit.al.
Вучиќ и македонскиот премиер во заминување Зоран Заев ќе престојуваат во Тирана на средба на иницијативата Отворен Балкан чиј домаќин е албанскиот премиер Еди Рама.
Иницијативата што ја започнаа тројцата лидери беше отфрлена од трите други земји од Западен Балкан, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.







