Поранешниот албански премиер и лидер на демократската партија Сали Бериша вчера доби „директ“ во лице додека го предводеше протестот на опозцијата во Тирана против албанската влада.
По ударот Бериша падна на земја додека неговото обезбедувањето брутално се пресмета со непознатиот напаѓач, кој како што информираше полицијата е пренесен во болница.
Кратко по инцидентот Бериша излезе на говорницата и ги поздрави учесниците велејки ништо на светот нема да го порази нарадот и опозицијата, додека пристутните извикуваа „Рама оди си“.
Протестот се совпадна со самитот ЕУ – Западен Балкан во Тирана, а организаторите порачаа дека не се против ЕУ туку за и дека ова е начин да им ја кажат на европските лидери вистината за Албанија заробена од мафијата предводена од Рама.







