Германија се подготвува за процедурата за брза ратификација доколку Финска и Шведска одлучат да аплицираат за членство во НАТО, изјави министерката за надворешни работи Аналена Бербок, пренесуваат медиуми
На вториот ден од разговорите со колегите-министри од земјите членки на НАТО во Берлин, таа ја истакна потребата на двете земји да им се гарантира.
Информираше дека министрите за надворешни работи вчера се согласиле дека не треба да има нејасен временски период помеѓу мопментот кога двете земји ќе аплицираат и времето во кое тие ќе се приклучуваат на Алијансата.
„Ако решат да се приклучат, можат брзо да го направат тоа… Мора да бидеме сигурни дека ќе им дадеме безбедносни гаранции, не треба да има транзициски период – сива зона каде што нивниот статус е нејасен“, рече министерката.
Процесот за ратификација, во парламентите на сите земји членки може да потрае и до една година, при што скандинавските земји сè уште нема да бидат заштитени согласно чл. 5 од Договорот за НАТО, според кој напад врз еден сојузник е напад врз сите.







