Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, предупреди дека војната во Украина може да трае со години.
„Мораме да појдеме од фактот дека на Украина ќе и треба ново оружје од нејзините пријатели и следното лето“, изјави Бербок за Билд ам Зонтаг.
Таа посочи дека Украина ја брани „нашата слобода, светскиот поредок“ и дека Германија на таа земја ќе и дава финансиска и воена поддршка се додека е потребно.
Бербок рече дека рускиот претседател Владимир Путин имал „луда идеја“ дека може да ја окупира Украина за кратко време, што не се оствари.
Шефот на германската дипломатија го поддржа барањето на Украина за враќање на Крим.
„Крим и припаѓа на Украина. Нелегалната анексија во 2014 година никогаш не беше призната од светот“, подвлече Бербок.
Таа предупреди на опасноста од воен замор во Германија.
“Ние ги чувствуваме последиците од енергетската војна на Путин во нашите џебови. Социјалната поделба е дел од планот на Путин. Тоа мора да го спречиме. Тоа ќе биде трнлив пат, но дел од политичката одговорност е да се ублажат социјалните последици поради високата енергија цени“, објасни Бербок.







