Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска пристигна во ненајавена посета на Киев.
И тоа за да покаже дека Украина „може да смета“ на поддршката од Берлин, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
Германија ќе продолжи да го поддржува Киев „се додека е потребно, со испорака на оружје и хуманитарна и финансиска поддршка“, рече Бербок, според соопштението на Министерството.
Ова е нејзина втора посета на Киев од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари.






