Берачите на јаболка од соседна Албанија без ПЦР тест ќе можат да влезат во земјава на граничниот премин Стење, јавува Фактор.
Ваков договор бил постигнат во координација на Општина Ресен и Министерството за земјоделство, потврдуваат од Здружението на овоштари „Благој А. Котларовски“ од Ресен, аодлуката помина на седница на Влада.
„Потребни се илјадници луѓе за берба на јаболка, а засега само 10 отсто од бербата е почната во овој регион. Подобро е доколку луѓето бидат вакцинирани. Ќе ги почитуваме мерките и протоколите, ќе внимаваме да нема некое поголемо мешање. Дел од работниците ќе пристигнат од Битола, Прилеп и Велес“, вели Љубе Пампулески, претседател на здружението на овоштари „Благој А. Котларовски“ .
Работниците на граничниот премин ќе остават податоци каде ќе престојуваат, и колкав период, со цел надлежните да имаат увид.






