Речиси една третина од бензинските пумпи на Бритиш Петролеум (БП) останаа без гориво, откако возачите паникно правеа залихи на гориво во текот на викендот.
Премиерот Борис Џонсон најави ангажман на армија која треба да ги снабдува пумпите со гориво, објавија британските медиуми.
Индипендент објави дека создавањето резерви на гориво продолжи и покрај бројните барања од министрите и полицијата дека возачите треба „нормално да продолжат“ со танкирањето на своите возила.
„Бензиската криза“ е поради недостигот на возачи на камиони, за што многумина го обвинија Брегзит – излегувањето на Британија од ЕУ.
Џонсон најави ангажирање стотици војници кои ќе снабдуваат бензински пумпи со гориво низ целата земја, пренесува Гардијан.
Британската влада најави издавање привремени визи за 5.000 странски возачи на камиони, но влијателните бизнис лидери предупредија дека ова е краткорочно решение кое не може да го надмине акутниот недостаток на работна сила.






