Бензините поскапуваат за еден, дизелот за половина денар

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.



Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 62 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 63,5 денари/литар,  а цената на Еуродизелот ќе изнесува 53,5 денари/литар.