Регулаторна комисија ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од 1 часот по полноќ.



Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС–95 од полноќ ќе чини 86,00 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС–98 ќе се продава за 88,00 (денари/литар)
Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе достигне 87,00 (денари/литар)
Маслото за домакинство Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 85,00 (денари/литар)