Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цената на бензините кои од полноќ ќе поскапат за по половина денар по литар додека цената на дизелот останува иста.
Според новиот ценовник, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 71,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 73,5 денари. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 63 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува и останува 63 денари за литар.
Инаку се очекува зголемување на цвената на горивата по воведувањето на еколошката такса, но Предлог измените на Законот за животна средина се уште се во собраниска процедура.






