Од полноќ за 1,5 денари поскапуваат бензините, а за 2 денари по литар дизел горивото и нафтата за домаќинствата, одлучи Регулаторната комисија (РКЕ).
Новата цена на бензинот од 95 октани е 81 денар по литар, а суперот од 98 октани ќе се продава за 83 денари по литар.
Еуродизелот ќе чини 73,5 денари, додека нафтата за домаќинствата 73 денари по литар.







