Бени Шаќири контра Шилегов кандидат за градоначалник на Скопје на ЛДП и ДОМ

Музичарот Бени Шаќири кој учествуваше во изборни кампањи на СДСМ на предходни избори е кандидат за градоначалник на Скопје на коалицијата на ЛДП, ДОМ и невладини организации.



“Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ” го објави носителот на листа за Град Скопје, проф. д-р Никола Пановски и кандидатот за Градоначалник на Скопје, Бени Шаќири.

Се работи за личности кои се исклучително ценети во својата професија, луѓе со авторитет, чесни и искрени, стари скопјани.

Се работи за луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните, кои интересот на Скопје ќе го стават пред се’ и над се’.

Луѓе кои ќе обединуваат!”, објави лидерот на ЛДП Горан Милески.

https://www.facebook.com/1689918897901576/posts/3421257798101002/