Бени Шаќири е назначен за директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), потврди градоначалничката Данела Арсовска за СДК.мк.
Шаќири доаѓа на местото на Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата во јануари откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев.
„Фокус“ уште лани во јануари објави дека Данела Арсовска го разрешила тогашниот директор на Младинскиот културен центар, Ванчо Богоев, кој пак во изјава за „Фокус“ тврдеше дека трпел закани и уцени, тогаш на површина исплива дека главната причина за неговото разрешување е затоа што не потпишал вработување за Бени Шаќири.
Шакири уште во 2019 година, се кандидираше за директор на МКЦ.
Тогаш, културните работници преку отворено писмо побараа музичарот Арбен Шаќири да не биде поставен за директор. По притисоците во јавноста, конкурсот за нов директор беше поништен.
Бени Шачири беше и кандидат на изборите за градоначалник.
Тој изгуби но во вториот круг ја поддржа Арсовска.






