Белорускиот претседател Александар Лукашенко имаше телефонски разговор со својот руски колега Владимир Путин, за време на кој лидерите на двете земји се договориле Белорусија да биде првата држава што ќе ја добие и примени руската вакцина за Ковид-19.
„Државните раководители ја разгледаа борбата со коронавирусот. Во врска со тоа претседателите се согласија дека граѓаните на Белорусија ќе учествуваат во третата фаза од тестирањето на вакцината против коронавирус произведена во Руската федерација. Белорусија ќе стане и првата држава што ќе ја добие оваа вакцина“, јави белоруската државна новинска агенција Белта.
Русија е четврта во светот со 961 илјада лица заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата, а досега починаа 16,5 илјади. Белорусија, пак, досега има регистрирано 70,6 илјади позитивни и 646 смртни случаи.
Во четвртиот разговор меѓу Лукашенко и Путин по изборите во Белорусија и протестите на опозицијата двајцата лидери ја разгледале и ситуацијата на западната белоируска граница.





