На белоруската стоковна берза ставена е на аукција синагога од 17 век во градот Слоним, регионот Гродно, со почетна цена од 40 белоруски рубљи (11,33 евра).



Заедно со синагогата се продава веранда и две помошни згради. Површината на зградата е 673,3 метри квадратни.

Објектот ќе се најде на лицитација на 22 февруари.

Според условите на аукцијата, купувачот на синагогата ќе треба да исполни неколку барања.

Меѓу нив се потпишување обврска за гарантирање на материјалната недвижна историска и културна вредност и изработка на план за реконструкција или поголема поправка на објектот со добивање државна експертиза.

Доколку не се исполнат условите, синагогата ќе му биде вратена на продавачот-државата, без да му се вратат средствата на купувачот.