Десетици илјади луѓе во неделата во Минск побараа заминување на Александар Лукашенко, кој е 26 години на власт и кој одбива да си даде оставка, седум дена по неговиот контроверзен реизбор за претседател.
„Оди си!“ извикуваа демонстрантите околу споменикот на жртвите од Втората светска војна.

Агенцијата Франс прес проценува дека се собрале повеќе од 100.000 луѓе, додека Ројтерс проценува дека на денот кога Русија се согласила да ја поддржи Белорусија во случај на воена закана од странство, се собрале околу 200.000 луѓе.
Белорускиот претседател (65) го отфрли барањето на опозицијата за одржување нови претседателски избори, откако на 9 август освои 80 80 од гласовите и кој беше обвинет за изборна измама.
Тој посочи дека повторувањето на изборите би значело смрт на Белорусија како држава.
“Раководството на НАТО бара од нас да одржиме нови избори. Ако ја исполниме нивната желба, тоа би било смрт на нашата држава”, рече Лукашенко на паралелниот собир на десетина илјади негови поддржувачи во Минск, додавајќи дека тој нема да дозволи предавање на Белорусија дури и по цена на неговиот живот.





