Ваљон Беља, кој пред две дена беше разрешен од функцијата економски директор на Клиниката за гинекологија тврди дека главната сестра и директорката на финансии на ГАК немаат соодветни дипломи за нивните работни места.
„Како е можно во една клиника со 500 вработени главната сестра да биде дипломиран фиолог тука ја имам нејзината диплома, ова е нејзината диплома по македонски јазик и литераутра, изјави Беља во гостување во емисијата „Клик плус“
Министерот за здравство за Ваљон Беља рече дека е нетранспарентен и затоа е сменет, но сепак не даде одговор дали обвинувањата на поранешниот економски директор на Гинекологија ќе бидат истражени. Се произнесе и премиерот Зоран Заев, кој рече дека Беља „тропа глупости“, бидејќи како што вели, веќе ја добил пораката дека ќе биде сменет, потсетува Лидер.





