Белград; По лажни дојави за бомби, евакуирани три училишта

Три училишта во Белград утринава се евакуирани поради дојави за бомби, а сите извештаи биле лажни.



МВР соопшти дека пријавите биле лажни во Медицинското, Градежното и 14-та белградска гимназија, потврдија за Телеграф.рс.

Утрово прво се евакуирани студенти и вработени поради дојава за бомба во Медицинското училиште во Звездара во Белград.

Како што потврдија во МВР, добиле повик, екипа е на терен и во тек е увид.