Утрово во Белград се одржа координативна средба меѓу претседателот Александар Вучиќ и Владата на Србија, при што владини претставници изразиле загриженост за незадоволството на дел од граѓаните од мерките што ги спроведува државата, како и за стравувањата дали ќе се почитува забраната за движење за Први Мај, дознава Курир.рс, повикувајќи се на неименувани извори .
Весникот потсетува дека лекарите од Кризниот штаб за сузбивање на коронавирусот се апсолутно против укинување на полицискиот час за 1-ви мај и интензивно олабавување на мерките.
Според неименуваниот извор на весникот, претседателот Александар Вучиќ на средбата изјавил дека не разбира како членовите на владата не можат да издржат на јавниот притисок, но дека тој е подготвен да размисли.






