Белград да да дозволи „Парада на гордоста“ бараат евро-пратеници

Дури 145 претставници на Европскиот парламент ги повикаа српските власти да овозможат одржување на Европрајд 2022 и да обезбедат доволна полициска заштита.



Писмото со повикот е упатено до претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ како и до претставниците на ЕУ во Србија и Брисел.

Пратениците потсетија дека прајдовите биле и остануваат клучна алатка за видливоста на ЛГБТИК заедницата ширум светот.

Потписниците на писмото бараат од српските власти, покрај одржувањето на Европрајд како што е планирано, дополнително да се заложат за распоредување на доволно органи за спроведување на законот на настанот и да им се овозможи на учесниците безбедно да го остварат своето право на мирен собир и слободата на изразување, пишува РСЕ.

Раководството на Србија се потсетува дека ова барање е во согласност со обврските на Србија од Европската конвенција за човекови права и важен документ од 2010 година што беше усвоен од Комитетот на министри на Советот на Европа.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 30 август изјави дека ќе се почитува одлуката на Владата на Србија да не се одржи Европрајд 2022.