Белгија воведе карантин за заразените со мајмунски сипаници

Белгија стана првата земја што воведе задолжителен 21-дневен карантин за пациентите со мајмунска сипаница, објави Politico.



Надлежните пријавија четири случаи на болеста во изминатата недела, а здравствените власти одлуката ја донеле во петоко.

Од лицата заразени со мајмунски сипаници не се бара да се изолираат, но мора да бидат внимателни, особено ако стапат во контакт со ранливи луѓе.

Мајмунските сипаници се заболување од исто семејство како и сипаниците и симптомите вклучуваат изразен нерамномерен осип, треска, воспалени мускули и главоболка.News.bg