Белгиската полиција приведе 25 лица како дел од истрагата против меѓународна криминална група осомничена дека испраќала жени од Кина во Европа и ги принудувала на проституција, јавува АП.
Претреси се вршат на 26 места во државата. Идентификувани се 20 наводни жртви, а еден осомничен е приведен во Шпанија.
Сите наводни жртви се со кинеско потекло, тројца од осомничените се Белгијци, а останатите се од Кина.
Обвинителите велат дека има се повеќе кинески сексуални работнички во Белгија, особено во Брисел.
Се тврди дека криминалната организација регрутирала жени во Кина и ги префрлала во Европа, каде што биле „сексуално експлоатирани“ и принудени да предаваат поголем дел од заработката.
Наводниот синџир на проституција користел онлајн платформи за изнајмување соби, хотели или викендички и состаноци може да се организираат преку веб-страници специјализирани за секс реклами. Жртвите често биле преместувани од едно место на друго низ целиот континент.
Белгиската полиција упадна во неколку згради за време на протестите во Антверпен, Шарлроа, Лувен, Нојфшато и Брисел.
Во истрагата учествуваа агенцијата на Европската унија за соработка во областа на кривичната правда „Европравда“ и Европската полициска служба „Европол“.







