Белески: Да бидеме искрени, не се туркаме како овци туку Спасовски прави ,,Европски” хаос

Македонскиот бизнисмен од Швајцарија Васко Белески кој деновиве како и сите други граѓани мора да извади пасош ако сака да патува ја раскажува својата тажна приказна при обидот да добие патна исправа од матичната земја.



Велески бара да бидеме сите искрени и ги негира полициските службеници кои тврдат дека Македонците се туркаат како овци. За него проблемот е во министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој прави ,,Европски” хаос за обична работа како вадење пасоши.

Белески во својот пост освен анализа дава и конкретни предлози како да се надмине хаосот со издавање на нови патни исправи:

Ајде да бидеме искрени!

📣 Вчера во Скопје само за подигање на патна исправа морав да чекам нецели 6 часа. За тие 6 часа видов и слушнав се и сешто од делење на памет од страна на вработените во МВР дека сме се туркале како овци, до надвикување а богами дојде и скоро до тепачки.
И така додека чекаш да дојдеш на ред да те викнат да си подигнеш патна исправа за која патем си платил 100 евра со надеж дека ќе ја подигнеш за 48 часа , пред твои очи на шалтерот влегуваат вработени и си носат ливчиња за подигање на лица кои воопшто не се уште тука, и откога ќе ги најдат пасошите “други вработени” на мала врата ги внесуваат своите и по некое ” чудо” ги читаат “веднаш” дека им стигнал пасошот.
Другите кои чекаат со саати мора сето тоа да го гледаат НО да направат неможат ништо.

❎ И ова е само еден пример на хаосот што ни се случува пред очи на Министерството на Оливер Спасовски , додека дотичниот се спрема за избори со ветување за “Европска Македонија” во неговото министерство за граѓански сектор се случува хаос, на шалтерот 7-8 вработени, нешто бараат но неможат да најдат, имаш чувство дека секој трча со по некое ливче во рака као ете работи нешто ама само еден седи на столчето пред компјутер и со една рака полека прст по прст ги внесува присутните. А ако пак недај боже да наведнате глава и погледнете под масите, ќе видите еден куп расфрлана хартија и неред, ДА драги мои, вака јас го доживеав шалтерот за издавање патни исправи во Скопје, едноставно Хаос….

📣 И така доаѓаш на ред и ти велат, дојди после 3 саати пак, не е спремен, ами како ќе влезам пак внатре ( чекаат 100 луѓе) и уште 200 пред врата? Незнам ти велат договори се со нив и ти завртува грб….

❎ Е сега ајде да бидем искрени, од каде почнува проблемот? Аплицираш за работа, одиш погледнуваш и ти исто како мене го гледаш тој хаос гледаш неред, гледаш недостатоци , ама сепак прифаќаш , значи се согласуваш со системот, а отпор? да речеш не јас неможсм да работам на вакоб начин? НЕ даваш си ќутиш… и така ќутиш ти, ќути втор, ќути трет ….

❎ Да бидеме искрени дали може вработениот да му рече на пријателот извини ама неможам да ти завршам работа преку ред? Може, и те како може, но утре тој кај него ќе бара нешто, и ете неможе.
Но токму тие се и главниот проблем таквите кои во “кафана” се жалат како ќе бегале од Македонија бидејќи ништо не функционирало, ама себе си како проблем не се гледаат? Се запрашале таквите да си речат чекај и јас сум конзумент на нефункционалноста, на корупцијата, на непотизмот?

❎ НЕ тоа не се прашуваат, ама едно столче а тројца внатре и мелат, мелат политика како не чинело ова , не чинело она… А во голем случај решението е и во нас самите, да, да, во нас бидејќи ние очекуваме за се’ и сешто да имаме пријател да ни заврши работа, па дури и за вадење на патна исправа.

❎ И ДА има решение, мојов случај е само еден но ги има илјадници такви примери, и сите тие се решливи, да решливи се со ДИГИТАЛИЗАЦИЈА
📣 во Македонија под хитно, повторувам под ХИТНО мора администрацијата да се дигитализира.
❎ И веднаш да ВИ кажам што ќе значи тоа, тоа ќе значи штедење на време и пари, воведување на ефикасност но и до 90% намалување на корупцијата и непотизмот, но за жал на многу чесни луѓе и 80% намалување на Администрацијата во Јавниот сектор.

❎ ДА тоа е моја проценка и тука сум сигурен.
Е сега ова што јас го пишувам го знаат и овие од власта, о да знаат тие ите како што е дигитализација, но досега немаа слух за тоа, бидејќи како инаку ќе си запослуваат свои партиски гласачи ….

❎ Но да бидеме ИСКРЕНИ партиското вработување МОРА да заврши најкасно на 8 Мај 2024, бидејќи тоа е всушност еден од канцерите на оваа наша држава Македонија, да можеби многумина не согласуваат со мене, но замене од тука почнува се

Имајте убав ден каде и да сте 🙏❤️🇲🇰