САД не гледаат знаци дека Русија активно се подготвува да употреби нуклеарно оружје во Украина, објави Белата куќа.



Бајден: Светот се соочув а со нуклеарен армагедон

„Немаме причина да го прилагодуваме нашиот стратешки нуклеарен став, исто како што немаме индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје во блиска иднина“, рече портпаролката на Белата куќа.

Ваквото појаснување на Карина Жан-Пјер доаѓа по особено силните изјави на претседателот Џо Бајден во четвртокот, во кои тој оцени дека за прв пат по Студената војна, светот се соочува со опасност од нуклеарен „армагедон“, т.е. апокалипса.

Тие додадоа дека руските референци за употреба на нуклеарно оружје се неодговорни, но рекоа дека нема индикации дека Москва се подготвува да употреби нуклеарна бомба. „Коментарите на претседателот Бајден покажуваат колку сериозно ги прифаќа заканите“, се заклучува во соопштението од Белата куќа.