Бела: „Затворот го чека и Крешник Бектеши, министерот-шарлатан за економија, поради злоупотреба!“

„Затворот го чека, порано или подоцна, и Крешник Бектеши, овој министер-шарлатан за економија, поради сторените кривични дела злоупотреба на службената должност и пречекорување на овластувањата.“ – тврди Валон Бела, високиот функционер на опозициската партија Беса, во својата објава на фејсбук, која ја пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА под наслов „Скандалите на Бектеши“.

Бела пишува: „По повод 20-годишнината на ДУИ јавно ги објавуваме скандалите на министерот за економија Крешник Бектеши – договорите за работа од Министерството за економија, каде што раководи Бектеши, кој предавал економија пред да стане министер. Ниеден министер нема законско право да потпише толку договори.“

„Не случајно на овие списоци нема да најдете вдовици и сираци, нема да најдете ниту чесни сиромашни луѓе.“

„Злоупотребата на службената должност и на пречекорувањето на овластувањата е кривично дело според Кривичниот закон на РМ- член 353. Порано или подоцна затворот го чека и овој министер-шарлатан!“