Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека „сите треба да бидеме внимателни“ дека Русија би можела да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина или да организира операција со „лажен мотив“.
На Твитер, Псаки ја критикуваше Русија за ширење „лажни тврдења“ дека САД развиваат хемиско оружје во Украина.
Таа рече дека Русија може да користи хемиско или биолошко оружје во Украина, иако не даде никакви докази, но не пропушти да предупреди дека Русија и Кина можат да користат лажен изговор за да ја обвинат Украина дека ги користи.
Вчерта, руското Министерство за одбрана соопшти дека украинските сили транспортирале околу 80 тони амонијак во градот Золочев во близина на Харков.
Во вторникот, заменик-државниот секретар Викторија Нуланд на сослушување во Конгресот во Вашингтон изјави дека САД им помагаат на украинските власти да ги заштитат капацитетите за биолошко истражување во земјата од потенцијално запленување од Русите.






