Бектешки ќе реферирал за Иловица на првата наредна седница на Владата

Владата на денешната седница го задолжи министерот за економија, Крешник Бектеши, на првата наредна седница да ја информира Владата за сите управни и судски постапки (одлуки, заклучоци и информации) поврзани со експлоатацијата на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот с. Иловица, Општина Босилово, почнувајќи од првата одлука до денес.



Одлучено е, по Информацијата до Владата, Министерството за економија да ги сподели сите информации во неа и со новинарите и јавноста, соопштија од Владата.