Бектеши зажали што се појави на интервју со Лупевска за енергетската криза (ВИДЕО)

Еден ден откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го објави Планот со кој на владата и понуди да обезбеди енергенси и на државата да и заштеди до 300 милиони евра министерот за економија Крешник Бектеши ги потврди индициите дека владата нема конкретни договори за набавка на енергенски.



Бектеши гостуваше во Топ тема на Телма, кај Снежана Лупевска Созен, каде што зборуваше тоа дали државата ќе обезбеди струја и гас за претстојната зима.

Притоа министерот не даде ниту еден конкретен одговор на прашањата.

Во текот на интервјуто Лупевска го праша дали ќе се набави гас и по која цена, на што Бектеши немаше прецизен одговор. На тоа новинарката му рече дека неговите одговори се чист популизам и дека ја манипулира јавноста.

Во продолжение дел од прашањата на Лупевска и одговорите од Бектеши кои на граѓаните им влеваат страв пред зимата:


Ова е чист популизам што го правите со граѓаните. Ги манипулирате граѓаните. Прашање е дали ќе има во Скопје парно идната недела. Ова е чиста манипулација.

Граѓаните може да имаат увид. Во сите понуди.

Јас не викам не. Колку гас ќе набавите со 18-те милиони евра? Оставете ги граѓаните на страна, дали ќе набавите гас и кога?

Ако набавивме гас пред еден месец, цената ќе беше 2000 евра денешната цена на електрична енергија ќе беше 460 евра.

Господине Бектеши дали ќе набавите гас е прашањето? Ајде кажете по која цена?

Ќе ме оставите сега да споделам?

Што да ве оставам? За да манипулирате со граѓаните?

***

Дали ќе набавите гас и дали идната недела во Скопје ќе има парно?

Ќе има парно.

На што ќе биде? На мазут или на гас?

Ќе има парно.

На што ќе биде?

На мазут нема да биде.

На гас ќе биде?

На гас. Ќе ја прифатиме најповолната цена.

Која е таа најповолна цена? Знаете од кога зборувате за најповолна цена?

Можам да ја кажам максималната цена – над 2000 евра за 1000 метри кубни и цената на струјата ќе биде над 450 евра за мегават.

Во емисијата Бектеши не сакаше да ја коментира изјавата на советникот во владата ВИктор Андонов, затоа што не ја следел прес конференцијата.

Вие како министер не знаете што збори советникот во владата?

Тој не е мој советник.

Во влада е. Треба да се координирате.

Јас како министер за економија имам мои советници. Што кажал на прес конференција не можам да кажам сега.

Добро, не се координирате во влада?

Јас кога кажувам некои работи не треба со никој да се координирам. Јас се консултирам само со претседателот на владата.

Дали го негирате тоа што го кажува Андонов?

Не знам што кажал.

Ќе и платиме на Србија. Гасот ќе се носи преку врската со Бугарија….

Не знам што кажал.

Ви го цитирам.

Ама цитирање и да го слушаш самиот што кажал не е исто.

Очигледно во владата има паралелизам.

Не нема паралелизам.

Целата емисија