Насспроти тврдењата на министерот за економија Крешник Бектеши, дека до крајот на годината нема да има зголемување на цената на струјата, се чини работите стојат спротивно на тоа.



Бектеши: Струјата нема да поскапи до крајот на годината

Цената на струјата од први јули би се зголемила за околу 13 проценти доколку Регулаторна ги прифати максималните барања од енергетските компании, но и ако ЕСМ понуди иста цена на струјата како и лани.

Ако на сето тоа се додаде и враќањето на ДДВ-то од 10 на 18% – тогаш зголемувањето би било околу 20 проценти, дознава ТВ24.

Причините поради кои компаниите бараат зголемување се должат на зголемени трошоци, вели првиот човек на регулаторна Марко Бислимовски.

Бислимовски вели сега треба да се направат анализи и да се утврди колку од пријавените трошоци се реални.

Сепак по која цена граѓаните ќе ја плаќаат струјата од први, клучно ќе биде по која цена ЕСМ ќе ја продава произведената струја кон ЕВН Хоум, но и колку ќе произведат домашните капацитети. Од ЕСМ веќе објавија дека пресметката ќе ја достават до Влада на 6-ти јуни, а за крајната цена одлучува Владата на затворена седница.