Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) реагира на изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши кој изрази сомневање во точноста на виредноста на таканаречената синдикална кошничка, односно на парите ки граѓаните мора да ги одвојат месечно за најосновните животни трошоци.
Бектеши, вчера на заедничкото пазарување со премиерот Ковачевски, меѓу другото рече дека „можеби е ненамерна, а можеби и техничка грешка, но факт е дека минималната синдикална кошничка не е 50.000 денари и не недминува 43.000 денари’.
Од ССМ со куса реакција одговорија:
„Пресметката е точна!. Рабортниците едвај врзуваат крај сои крај во месецот!. Не им требаат советници на министер да им го кажат тоа“ и додаваат дека „Во право е министерот, пресметката на синдикалната кошниќка треба да е многу повисока“.







