Бектеши: Преговорите за влез на Алтернатива во Владата и се при крај, наредната недела и договор за ресори

Преговорите за влез на Алтернатива во Владата се при крај. Најверојатно наредната недела лидерите на политичките партии ќе го објават и договорот што се однесува до распределба на ресори, изјави синоќа министерот за економија и кадар од ДУИ Крешник Бектеши.



-Нашиот став како ДУИ е дека се добредојдени во Владата сите политички партии кои ги споделуваат сите вредности во делот на интегрирање на нашата држава во ЕУ, за справување со здравствената и енергетската криза. Во моментов многу е важно нашата држава да има стабилна влада, стабилно Собрание каде ќе се носат вакви важни одлуки, а во делот на отстапување на ресори веќе при крај се преговорите. Најверојатно наредната недела лидерите на политичките партии ќе го објават и договорот што се однесува до распределба на ресори, рече Бектеши во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

Тој, меѓу другото, истакна дека не доаѓаат во предвид предвремени парламентарни избори, ДУИ е, вели, заинтересирана да ја реализира целосно програмата до 2024 година.