Бектеши: Од денеска само едно претпријатие ќе биде оператор на системот за гас во земјата

Министерот за економија, Крешник Бектеши, пред медиумите објави дека од денеска операторот на системот за пренос на гас ГА-МА и АД НЕР, претпријатието кое ги гради магистралните гасоводи во земјата, ќе се спојат правно-формално како еден оператор.



– После 30 години можеме да ја објавиме веста дека се формира нов правен субјект, ново трговско друштво кое во нашата држава во иднина ќе го развие системот на гасификација и на таков начин нашата држава ќе стане уште понезависна во делот на снабдување со природен га, рече Бектеши.

Тој им честиташе на двајцата директори, како што рече, на добро завршената работа, и дека системот за гасификација и оперирање ќе биде во сопственост на граѓаните.

– Таа една компанија ќе биде многу поуспешна, профитабилна и, секако, ќе влијае во независноста со снабдувањето со природен гас, додаде министерот.