Министерството за економија ниту некого излажало, ниту измамило, ниту ставило некого во заблуда, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција во врска со концесиите за рудникот „Иловица – Штука“.



Бектеши ги измамил колегите во Владата дека концесиите за Иловица-Штука треба да се спојат!?

Според него, не се работи за една, туку за две концесии.

„Можам слободно да потврдам, а очекувам тоа да го потврдат и другите колеги, дека Министерството за економија ниту некого излажало, ниту измамило, ниту ставило некого во заблуда.

Тој, како што кажа, разговарал со „колегите“ и побарал тие да излезат и да потврдат дека не кажале дека биле изманипулирани.

Ние сме доставиле само хронологија на настаните и што е одлучено од 2005 година до денеска во делот на Предлог-одлуката за спојување, рече Бектеши.

Истата информација беше на седницата на Владата, не е сменето ни образложението, ни информацијата, но ова е политичка Влада и се носат во одредени моменти и политички одлуки, истакна Бектеши.

 Тој на прес-конференцијата во Владата, која е во тек, детално информира за сите управни и судски постапки, заклучоци и одлуки поврзани со рудникот.

Бектеши најпрво им се извини на новинарите за вчерашното одложување на прес-конференцијата.

Рече дека причина за тоа била долгата и конструктивна дебата на владината седница, поради што Министерството за економија било принудено да ја одложи прес-конференцијата. МИА