Немаме интерес да го приватизираме МЕПСО, ни дел од МЕПСО, а во Министерството за економија, сигурен сум дека нема понуди од страна на грчката компанија, изјави министерот Крешник Бектеши во Тема на денот на ТВ Сител.
„Тие можеби посакуваат, но во делот на енергетската инфраструктура ние правиме напори тоа да остане на државата затоа што е стратешка инвестиција, стратешка компанија која може да влијае во делот на безбедноста“.
МКД.мк: Не биле шпекулации дека грчка фирма сака дел од МЕПСО
За наводите дека оваа година имало две средби помеѓу претставници на МЕПСО и на Грчкиот електроенергетски оператор – ИПТО, Бектеши вели средби може се одржале, но Владата е таа која носи одлуки за тоа, дали ќе сака да го зголеми капиталот, да направи докапитализација, да оди на јавно – приватно партнерство и друго.
„Такви одлуки во Владата нема затоа што ние сме го направиле спротивното. Ние таму каде сме имале приватен партнер во делот на гасоводот ние ги купивме нивните акции се со цел делот на енергетиката да биде во стопроцентна сопственост на државата“, изјави министерот.






