
Министерот за економија, пред да даде објаснување на следната владина седница, денеска одржа средба со новинарите. Крешник Бектеши рече дека целата документација за спојување на концесиите за рудниците Иловица-Штука е легитимна. Иако вчера требаше да даде објаснувања во Владата, тоа ќе го стори на следната кога пред членовите на Владата ќе извести зошто е донесена одлуката за спојување на концесиите во струмичкиот регион, кој наиде на реакции во јавноста и од жителите на тој регион.
Министерот Бектеши денеска одржа брифинг со новинарите во Скопје, но вицепремиерката за добро владеење Грковска тврдеше дека тој уште не е вратен од службен пат во САД.
„Уште сто пати да се повтори оваа ситуација, уште сто пати би одлучиле идентично“, дециден е Бектеши.





