„Само ширење паника и класична уцена се заканите и попласките од бизнисмените од малите и микро претпријатија“, вели министерот за економија Крешник Бектеши коментирајки ги негодувањата на дел од бизнис секторот во земјава за понудените владини економски мерки.
Миистерот демантираше дека има голем број на отпуштени работници, дека се правеле паушални анализи, а не ја отфрли можноста и позади се да стои и политиканство од бизнисмените.
„Има стотици апликации за првиот јавен повик како што ја информираме јавноста, ние веќе сме ги надополниле средствата со дополнителни осум милиони евра. Го имавме предвид големиот интерес што го покажуваат компаниите од дејноста угостителство, туризам и транспорт“, рече Бектеши.
Министерот Бектеши тврди дека мерката исплата на минимална плата за приватниот сектор со пари од државната каса било токму барање од страна на сите стопански комори.
Од Владата како спас за економијата понудија безкаматни кредити и субвенционирана минимална плата за секоја фирма која е погодена од корона кризата.
Угостителите вчера алармираа дека ги одјавиле сите вработени.





