По изјавата на лидеррот на БЕСА, Буилал Касами дека приватните компании треба да воведат двојазичност бидејќи дипломираните Албанци не говорат македонски јазик, министерот за економија Крешник Бектеши му порача на владиниот партнер да ја прочита владината програма пред да дава изјави.
Субвенционирањето нема да важи само за Албанците туку за сите заедници во зависност од структурата во компаниите. Секоја компанија која ќе ја подобри етничката затсапеност ќе биде поттикната преку субвенции, му порача Бектеши од СДСМ.
„Со наредниот предлог буџет ќе разгледаме да креираме такви мерки. Тука не влегуваат само Албанците, се работи за сите етникуми во нашата држава. Ќе креираме такви мерки да го потикнеме и приватниот сектор да вработува и со тоа да го зголемува процентот на некоја од заедниците, ние со субвенции ќе го помогнеме. Министерството работи на новиот буџет и во зависност од консултациите и со стопанските комори ќе видиме, ќе важи за сите правни субјекти во Македонија“, рече Бектеши.




