Министерот Крешник Бектеши реагира на „лавината“ најави од функционери дека откако ќе го добиеле најавеното зголемување од 78% на платите, ќе ги донирале во хуманитарни цели, ќе помагале семејства, болни…
„Гледам во јавноста излегуваат политичари за да се покажат како хумани, солидарни, ќе донираат процент од платата или она што е зголемување.
Тој што сака да донира не треба да го направи тоа јавно, секој може да поддржи одредени категории граѓани.
Да не користиме вакви моменти да се покажеме хумани за да добиеме политички поени.
Да почекаме Владата да донесе одлука која ќе биде колективна“, додаде Бектеши.
Тој не откри дали во Владата се размислува да се воведе дополнителна одлука со која ќе се стопира значителното зголемување на платите на функционерите, согласно одлуката на Уставниот суд и тоа во време кога постојано се говори дека треба да се штити стандардот на граѓаните, пренесе „360 степени“.






