Повеќе од извесно е дека поскапување на електричната енергија ќе има, а министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето на емисијата „Трилинг“ на ТВ24, уверува дека ќе се направи се’ за да нема ценовни шокови.
„Секако, цената ќе биде во интерес на граѓаните и домаќинствата. Правиме големи напори да нема ценовни шокови и во делот на слободниот пазар, каде се поголемите потрошувачи и индустријата во целина.
Во делот на домаќинствата и малите потрошувачи, пазарот е регулиран и цените не можат да се менуваат, затоа што двапати годишно РКЕ носи цена за регулиран пазар. Наредната година ќе биде 60%.
За домаќинствата да не плаќаат поголеми цени за електрична енергија, во јуни донесовме и сега ќе донесеме одлука за ЕСМ да ги покрива потребите на ЕВН Хоум од 100%“, рече Бектеши.
Министерот ја повика и опозицијата, да седнат и да ги разгледаат и нивните анализи во однос на енергетската состојба и најавата за новата цена на струјата.






