„За општина Арачиново со години се зборува, штета што во 21 век век зборуваме за средства кои ги издвојува Владата, за општина која континуирано е дискриминирана. Ние нема да застанеме тука, ќе одвоиме дополнителни средства за општина Арачиново, за изградба на канализација, водовод и слично“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, во денешната емисија КликПлус на ТВ21.
Министерот ги коментираше бројните реакции во јавноста по одлуката на Владата да издвои буџет од 66 милиони денари за да се реши проблемот со канализацијата во Арачиново.
„За жал, вакви реакции се случуваат и кај нас, можеби ќе ни треба уште повеќе време да ја имаме вистинската зрелост во Северна Македонија и да не правиме разлики по етничка припадност и по општина од каде што доаѓаме“, вели Бектеши за ТВ21
Министерот истакна дека во општина Арачиново со 80% загуба на електрична енергија врз основа на податоците на ЕВН, направената штета е од 5 до 6 милиони евра, што е меѓу 10% од вкупната штета.
„Во моментов загубите на електрична енергија на државно ниво се близу 100 милиони евра по сегашни цени, додека во општина Арачиново со 80% загуба на електрична енергија врз основа на податоците на ЕВН, направената штета е од 5 до 6 милиони евра. што е меѓу 10% од вкупната штета“ – рече министерот Бектеши.
Инаку, екипи на ЕВН, како што беше договорено, од денас започнуваат непречено да работат во Арачиново со цел да се превземат соодветните мерки за мржата да може да функционира согласно сите правила и да се плаќа електричата енергија.
Информацијата ја потврди градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими, за ТВ21 потврди дека присутни се екипи на ЕВН во скопското село и дека се работи на санирање на дефектот.
Од денеска сите струјомери ќе бидат поставени надвор, според планот на ЕВН и коордитивно тело во согласност со жителите.






