Слободниот безцариснки проток на жито од Украина предизвика гнев кај земјоделците во Полска, Унгарија, Словачка, Бугарија и Романија, кои последователно го забранија увозот. На овој тренд негативно реагираа и хрватските земјоделци, за кои дополнително збунувачки се евтините житарки од Украина.
Во земјите од Европа останале големи количини евтино жито, што ги загрозува трошоците за производство на домашните земјоделци пред новата сезона на жетва. Меѓутоа, во обид да заштитат што поголем дел од сопствените ресурси, во Унгарија и Бугарија забраната беше проширена и на увоз на други производи од земјата на чело со Володимир Зеленски.
Деновиве, ,инистерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека за земјава приоритет е домашното производство.
Земјоделци апелираат: Не увезувајте, откупете ја нашата пченица
„Но бидејќи тоа не е доволно за покривање на потребите, ние дозволуваме увоз на жито и други житарки. Неодамна потпишавме и договор за слободна трговија со република Украина.
Си го штитат своето: И Бугарија не сака украинско жито
Бектеши информираше дека неколку земји на ЕУ одлучија да забранат увоз на жито и друга храна Украина за да ги заштитат нивните земјоделски сектори, со образложение дека увозот на жито од Украина ја урива цената на нивните пазари.







