Активистот на Шарената револуција Љуми Беќири со анализа на членовите на СДСМ со албанска етничка припадност.
“СДСМ не може и(ли) не сака да разбере дека не може да ги добие симпатиите на албанските гласачи кои се прогресивни, либерални, демократски, про-Западни, со социјалдемократски убедувања и секуларни- поради Албанците кои СДСМ ги промовира преку нивната партија, и заради кои изгуби многу во очите на албанските интелектуалци”, тврди Беќири.
Според него гласовите од гореспоменатите во главно одат во ДУИ или во Алијансата за Албанците.
“Колку и да се разочарани, колку и да не се согласуваат со одредени политики, тие гласачи не се спремни да гласаат за ликови кои во албанската јавност важат за промотори на регресот и заостаноста, како на пример Зеќири
Само погледнете ја категоријата Албанци кои го поддржуваат СДСМ – верски екстремисти, криминалци, дилери, неписмени и слични. Еден нормален до сега немам видено”, вели активистот според кого доколку СДСМ сака да стане партија на сите граѓани со социјалдемократски вредности без разлика на етникумот, треба многу да поработи во тој поглед”, пишува Беќири кој беше еден од најекспонираните членови на Шарената револуција.




