Беќаровски контра Филипче: Цели 18 месеци без “Корона протокол” за матичните лекари (ВИДЕО)

Поранешниот директор на Клиниката за токсикологија и професор на медицинскиот факултет, д-р Нико Беќаровски со остри критики за непостоење на сите потребни Ковид протоколи при лекување на корона од страна на матичните лекари.



Пред само еден месец министерот Филипче изјави дека во Македонија има протоколи за сеопфатно лекување на пациентите заболени од Корона вирусот на сите нивоа.

“Македонија и по година и пол нема донесено протокол за лекување на Ковид пациенти за матичните лекари. Таков протокол има само за болниците”, рече вчера при своето гостување на Канал 5 телевизија доктор Нико Беќаровски.

– Јасно им е кажано на матичните лекари дека во првите пет дена од заразувањето, не смее да си играат со сумамед и дупли дози. Кај нас секој матичен лекар води своја политика. Некој дава антибиотик, некој ги тера на енормни токсични дози на витамини, а првите пет дена ни се клучни. Понатаму, требаше да се направи Ковид центар во секој здравствен дом каде секој пациент на петтиот ден ќе одеше на проверка, а не да одат во болниците на преглед. Проблемот е што ние не направиме протокол за матичните лекари, а и ним ќе им биде полесно ако имаат точни насоки. И тие ќе беа заштитени. Лутаат и тие и пациентите, им вршат притисок. Ќе слушне дека комшијата испил шест Сумамеди и му било подобро и инсистира да му биде и него препишано, вели Беќаровски.

Видеото на Само вистината на Канал 5

https://kanal5.com.mk/-samo-vistina-so-niko-bekjarovski-i-dejan-dokikj/a494397