Беким Сали во столчето на Филипче?

Многу е веројатно дека во министерската фотеља на Венко Филипче ќе ќе седне стоматологот Беким Сали, по одлуката на Алтернатива да влезе во Влада.



Сали беше кандидат на Алтернатива за градоначалник на Чаир.

Фактор од свои сигурни извори дознава дека за заменик-министер за здравство е предложен актуелниот директор на Здравствен дом-Скопје, д-р. Виктор Исјановски. Тој би седнал на местото на Илир Хасани, кој е од редовите на ДУИ.

Изворите на Фактор брифираат дека Исјановски, како актуелен директор на Здравствен дом-Скопје и како член на Комисијата за заразни болести е одлично упатен во целата ковид криза,би бил „десна рака“ на Беким Сали, за добро менаџирање со епидемијата на корона вирусот во Македонија.