Не сме задоволни од работата на нашите министри во Владата, затоа побаравме да функционираат партиски органи за да има одговорност. Актуелната власт не и служи на граѓаните. Кажете ми успех на Груби како вицепремиер, кажете ми за еден негов успех затоа што јас не знам – рече Невзат Бејта екс потпретседател на ДУИ и еден од „фракцијата“ во ДУИ во интервју за ТВ Клан.
Тој го обвини Груби дека не му помогнал на локалните избори, туку дека повеќе се себепромовирал.
„Артан Груби беше гласен во мојата кампања, но тој се промовираше себеси, а не мене, јас бев кандидат на ДУИ, а не Артан Груби. Ве молам, не можете да му ги препуштите заслугите на Али Ахмети и ДУИ на Артан Груби“, рече Бејта.
Тој дури обвини дека во трката за градоначалник на Гостивар изгубил поради своите сопартијци.







