Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, во емисијата на ТВ Шења откри интересен детал за тоа како конзорциумот „Бехтел и Енка“ уште во 1996 година ѝ понудил на Македонија изградба на Коридорот 8, но тогашната Влада не ја прифатила понудата.
„Од она што го видов и во архивата на Јавното претпријатие за државни патишта, открив дека конзорциумот ‘Бехтел и Енка’ во 1996 година ѝ понудил на Македонија да го изгради Коридорот 8, од Деве Баир до Ќафасан. Што значи, да го изгради со сопствени средства и да го стопанисува автопатот 25 години, но таквата понуда не е прифатена. Со што сами би управувале со автопатот, без ништо да дадеме“, изјави Рустеми.
На чело на македонската влада во 1996 година, исто така предводена од СДСМ, беше Бранко Црвенковски.






