Граѓани кои се вратиле од Италија и живеат во скопско Сингелиќ, бегале од прозор кога медицински екипи дошле да проверат по пријава од соседите.
„И до мене стигнуваат многу такви информации. Секогаш ги известуваме соодветните служби, прво на локалниот центар на јавно здравје, а доколку е потребно и полицијата. Не можам да коментирам конкретни случаи, за тоа што се случувало. На тоа што посветивме внимание е акцијата на ОВР Струга за добра координација во тој регион. Октиси, Лабуништа и тн. Тоа се места каде што и претходно имало интензивна комуникација со луѓе од Дебар и околината“, рече миниастерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.




