Бегала од кучиња скитници, завршила трагично во Вардар

Телото на 17 годишно девојче кое бегајќи од кучиња скитници вчера падна во водите на Вардар во Гостивар, беше пронајдено синоќа.



Граѓани го пријавија случајот околу 19 часот, а околу 22 часот, безживотното тело на малолетното девојче било извлечено од Вардар, јави порталот Гостивар.прес

Полицијата и јавен обвинител работат на утврдување на идентитетот на девојчето за кое се смета дека било на возраст од 17 години.