„Во никој случај, под никакви услови, како претседател на Република Албанија, не би прифатил на Косово да има Република Српска“, изјави вчера албанскиот претседател Бајрам Бегај.
Тој својот став го изнесе на заедничка прес конференција со претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, кој е во посета на Албанија.
Според Бегај, ниту Америка не ја поддржува таа опција. Тој смета дека самоуправувањето во рамките на тој договор, заедно со правата на заедниците според уставот на Косово, ќе биде вистинското решение.
Од своја страна, австрискиот претседател рече дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е приоритет и посочи дека се свесни дека без договор не можат да бидат дел од ЕУ.
„Го поддржувам тоа што го кажа претседателот Бегај. Како што знаете, всушност, беше направен еден вид договор, но без официјален потпис на учесниците“, изјавил Бален, пренесува Косова прес.
Според Ван дер Белен, дијалогот меѓу Белград и Приштина е секако тежок, но тие се свесни дека без договор нема да имаат иднина во ЕУ.







